Будење за нов живот...
Гледаме дека Матеј се откажал од местото на потекло, од довербата во иднината, само за да го следи Христос. И мора да бидеме свесни за ризикот што тој го презеде. Некој рибар, откако го изгубил своето место, секогаш можел да се врати на своето занимање. Но, местото на митарот веднаш беше заменето со друг кандидат, и повеќе од тоа: тој стана непријател, предавник за властите.Матеј не се двоумел да го следи Христос, иако тоа значело за него да изгуби профитабилно државно место.
Што би правеле ние на негово место? Пред секој од нас, порано или подоцна, до еден или друг степен, со поголема или помала острина, се поставува ова прашање. Прашањето е ова: Навикнат сум на фактот дека сум христијанин, навикнат сум на фактот дека сум пристојна личност, дека сè е мазно и сигурно со мене.
И одеднаш ми се чини, или подобро кажано, не ми се чини - ми станува сосема јасно дека е невозможно да се живее „малку“, дека може да се живее. Може ли да одлучам за ова? Дури и ако сум осамен човек, дали можам да одлучам да го оставам целото мое богатство за да се однесувам целосно лудо, но суштински? Тоа го направи Матеј.
Митрополитот Сурошски Антониј
Comments
Post a Comment
Напиши коментар