По Светата Причест...

 По Светата Причест

По Светата Причест да не ,,бегаме,, од Црквата. Со почит се враќаме на своето место и го чекаме крајот на Божествената Литургија, за да можеме подобро да ја доживееме Тајната на животот до која дојдовме. Многу ќе ни помогне и ќе почувствуваме неопислива внатрешна радост ако читаме од причестувањето дома, по враќањето, „по Светата Причест“. Доколку е потребна подготовка за доаѓање на Светата Причест, слично бдение и духовна грижа е потребно и по Божествената Литургија, за да не се покажеме недостојни за Христовиот дар. Свети Јован Златоуст вели: „Во Храмот чувте свети химни, уживавте во царската трпеза, се исполнивте со Светиот Дух, пеевте заедно со Серафимите, станавте соучесник на небесните сили“. Затоа, не трошете толку многу радост, не расфрлајте богатства. Нека нашите постапки по Светата Причест бидат достојни на Божјата љубов“.
Така ние секогаш ќе го имаме Христос како жител во нас.



Comments