Христијанството опстојува не преку многумина, туку преку неколку…
...Христијанството опстојува не преку многумина, туку преку малкумина, благодарение на нивното трпение, бидејќи преку трпението се родиле светителите...
За вистински христијанин, не е важно кога ќе дојде војна или прогонство.Вистинскиот христијанин е секогаш подготвен, со запалена свеќа на душата, да го пречека Небесниот Младоженец.
Вистинскиот христијанин не живее во страв и вознемиреност кога ќе избие војна или кога ќе му падне бомба врз главата.
Тој бара начини да направи повеќе жртви за својот ближен и за Бога.
Вистинскиот христијанин го бара Царството Небесно во себе и не се плаши од ништо во овој минлив живот.
За него тагата е радост, а Крстот Воскресение.
Во секој случај, нашиот живот е во Божји раце и само Тој го знае крајот на човекот.
Затоа, да не се плашиме кога слушаме за војни и други страшни настани, бидејќи сето тоа мора да се случи, како што рекол нашиот Спасител ( Мт. 24, 6 и Мк. 13, 7).
Треба да се плашиме дека нашите души не се подготвени да се сретнат со Христос.
Да имаше влада на вистински лидери, вистински интелектуалци, ќе имаше можност да се подобри ситуацијата.
Но, кога ни владеат такви паразити... паразити стануваат и нивните подредени, без разлика од која професија се - градоначалници, наставници, дури и лекари.
Старец Јустин Парву
Comments
Post a Comment
Напиши коментар