На колку години заспала Пресветата Богородица и каков бил нејзиниот живот...
На колку години заспала Пресветата Богородица и каков бил нејзиниот живот?
Колку години имала Дева Марија кога ја напуштила земјата? Каков беше нејзиниот живот? Зошто Нејзиното тело никогаш не беше пронајдено? Ова се три основни прашања чии одговори малкумина ги знаат.
Маријам, како што и беше вистинското име, пред да биде сменета во Марија, беше единствената ќерка на постарата двојка Ана и Јоаким.
Цел живот се мачеа да добијат дете, но немаа среќа. Напротив, тие живееле во режим на социјална изолација, бидејќи бездетните во тоа време биле сметани повеќе или помалку проколнати или неблагословени од Бога.
Според преданието, Света Ана му се помолила на Бога, велејќи дека ако ѝ даде дете,ќе го посвети на Него.
Неколку дена подоцна, архангелот Гаврил го посетил парот и ги известил дека нивните напори ќе вродат со плод и дека нивното дете ќе биде носител на посебна мисија.
И покрај поодмината возраст на парот, зборовите на ангелот се остварија и тие на свет донесоа прекрасно девојче.
Ја нарекле Маријам, што значи кралица, дама, но и надеж.
Кога Маријам наполни три години, нејзините родители го исполнија ветувањето и ја одведоа во храмот каде ја прими свештеник кој беше никој друг туку пророкот Захарија, таткото на Свети Јован Крстител.
Пресветата Богородица живееше 12 години во Храмот, во Светињата над светињите. Според учењето на Црквата, тој што и ја носел секојдневната храна бил самиот архангел Гаврил.
Кога дошло време да го напушти Храмот, свештениците решиле да ја дадат на семејство, бидејќи нејзините родители веќе биле починати.
Потоа, знаејќи ја по традиција, специјалната мисија на Маријам, нашле еден постар човек, Јосиф, кој бил вдовец и татко на три деца.
Маријам остана близу до Јосиф четири месеци додека не започна Божествениот план.
Во Назарет, каде што живеела,архангел Гаврил повторно ја посетил, каде и кажа: Радувај се, благодатна! Господ е со тебе! Тогаш и самата дознала која е нејзината мисија, која со задоволство ја прифатила.
Неколку месеци подоцна се роди Исус и мајка му беше секогаш во негова близина, дури и во моментот на Распнувањето.
Од книгата Делата на Светите Апостоли знаеме дека Пресветата Богородица останала со нив до денот на Педесетницата.
Последната средба со архангелот кој ја следел од нејзината тригодишна возраст, се случила три дена пред да заспие.
Тогаш Архангел Гаврил ја известил дека е дојдено време, давајќи и голема радост бидејќи повторно ќе го види своето дете. Преданието вели дека на третиот ден по појавувањето на ангелот, непосредно пред Пресветата Богородица да заспие, апостолите не биле сите во Ерусалим, туку на далечни места каде што го проповедале Евангелието.
Тогаш наеднаш ги зграпчи облак и ги донесе сите до креветот, каде што лежеше Пресветата Богородица и чекаше да спие. Заедно со апостолите дојдоа Свети Дионисиј Ареопагит, Свети Јеротеј, учителот на Дионисиј, апостол Тимотеј и други.
ИСТОРИЈА НА ПОЈАСОТ НА ПРЕСВЕТАТА БОГОРОДИЦА
Кога заспа, со псалми и химни, ја положија во нејзиниот гроб во Гетсиманија. Единствениот кој не беше присутен на настанот беше апостол Тома.
Традицијата вели дека кога нефели, или облак, го однел Тома во Гетсиманија, тој ја сретнал Богородица во моментот на нејзиното вознесување на небото.
Таа му го даде својот појас за да ја докаже нивната средба.
Кога Тома отиде и им ја раскажа приказната на другите апостоли, тие го отворија гробот и видоа дека телото го нема.
Пресветата Богородица имала три години кога влегла во црквата. Таа остана во светилиштето дванаесет години. Три месеци откако го напуштила светилиштето до Благовештение и во деветтиот месец од бременоста, таа го родила Христос на шеснаесет години.
Со Христа живееше триесет и две години, па за време на Неговото Распнување, Воскресение и Вознесение имаше 48 години. По Педесетница поживеа уште единаесет години и заспа во Гетсиманија. Имаше 59 години.
Comments
Post a Comment
Напиши коментар