На железничката станица во градот Харбин Русите ставија една голема икона на Свети Никола,и таа стоеше таму многу години.Побожните Руси палеа свеќи пред таа икона при заминување на пат или при враќање од патот.
На самите Руси се угледаа и Кинезите,па и тие ја почитуваа иконата на Свети Никола и пред неа палеа свеќи.
Кога Руските безбожници комунистите ја зазедоа железницата,тие наредија иконата да се тргне од станицата.Меѓутоа на тоа се спротиставија најмногу Кинезите зборувајќи:
Што ви пречи Добриот Старец? Тој тука стои толкави години,ние од него не сме виделе никакво зло.Не даваме да се тој дира и да го тргнете од тука.
Безбожниците се уплашија од народен протест и ја оставија иконата на своето место.
И така,за чудо,некои десет години таа икона стоеше на станицата во Харбин под влас на Руските безбожници.
Свети Никола не дозволи да биде тргнат.
Тоа уште повеќе ја засили ревноста и на Православните Руси и нехристијанските Кинези, таа икона да ја чуваат и да палат свеќи пред неа.
Покасно таа железница премина во рацете на Јапонците, и секако иконата остана на своето место до денешен ден.
Во 1935 година,се случи нешто што уште повеќе сврте внимание на целиот Харбин на таа икона.
Тамо на крај на градот имаше еден рид покрај реката Сунгара.
Властите сакаа таму нешто да градат,па целиот рид требаше да се прокопа.Копаа таму многу долго.
Еден ден таму се играа некои кинески деца под тој рид кој беше многу поткопан.
Со поткопување на ридот земјата беше надвисната како покрив.
Тука децата се играа,кога одеднаш им се појави еден старец со бела брада и им викна:
Бегајте веднаш од тука.
Децата безволно го послушаа старецот плашејќи се од неговата појава отколку од нешто друго.
Само што децата си заминаа ридот се сруши со страшен тресок.
Да останаа децата тука сите би загинале.
Кога видоа што се случи децата отрчаа да им кажат на родителите дека таму на ридот загина некој старец со бела брада.Кога работниците ја разринаа земјата,не го најдоа старецот.
Неколку од оние деца беа на станицата,па кога ја здогледаа иконата на Свети Никола,викнаа:
Ете,тој е оној старец што се појави на ридот и што не избрка од таму!


Comments