Едно прекрасно утро Ангелот леташе по природата

 Едно прекрасно утро Ангелот леташе по природата и на сите им објаснуваше како подобро да ја изработат работата која им ја даде Бог.

Меката вода имаше задача да го пробуши тврдиот камен,лесниот ветер да ги растера тешките црни облаци,птицата да го прелета океанот...
- А што јас да работам? -праша една малечка семка.
Ти порасни во големо дрво! - и кажа Ангелот.
- Неможам! Тоа не е можно! - се зачуди малата семка.
- Никогаш немој да кажеш ,,неможам" пред да пробаш со цела сила.Дури кога ќе направиш се тогаш можеш да кажеш дека не можеш.
Но ќе видиш дали ќе можеш!
А зошто можеш повеќе од тоа што го можеш?Затоа што Бог им пристигнува на помош на оние кои се трудат! - кажа Ангелот на малата семка и одлета кај мравката,кој носеше товар триесет пати потежок од него. Семето проба и успеа!
Ти си човек.Ако веќе неможеш да имаш повеќе вера, надеж и упорност од водата,ветерот,птиците,семките,мравките - немој ниту помалку!
Срамота е.



Comments