Немаа деца, другите имаа...


Како Свети Николај Велимировиќ зборува,нема случајност,зошто кој верува во случајност во Бога неверува.

Еден човек и неговата жена неможеа да имаат деца.
Тие живејат во Швајцарска и тој беше вреден и лојален работник кај некој Швајцарец,кој немаше никој на светот,Швајцарецот му го препиша својот имот и тој преку ноќ стана богат човек.
Меѓутоа во животот не му одеше се добро.
Неговата жена имаше спонтани абортуси и ниту една бременост не успеваше да ја носи преку неколку месеци.
Жената психички тоа не можеше да го поднесе и имаше нервен слом и на крај замина во една психијатриска болница.
Тој скршен,замина во својот роден крај во Босна на одмор и во новините прочита за едно семејство од Бања Лука кои имаат многудетно семејство а немаат никакви услови за животот.
Тој си помисли: Каков е овој живот,јас имам големо богатство а немам ништо,а тие имаат деца а имаат само грижи и проблеми.
И тој се спакува,го наполни автомобилот со сите работи кои и беа потребни на тоа семејство.
Кога дојде кај нив,им кажа дека од тој ден тој ќе се грижи за нив.Се што им треба да бараат од него.
И тој се врати во Швајцарска,каде го дочека неговата жена целосно оздравена.
Таа набргу остана трудна пак,прашање беше дали таа може некогаш да остане трудна и тој и раскажа што направил.
Таа го замоли да ги остават сите свои обврски и пак да заминат кај тоа семејство.И тие заминаа и им однесоа полно работи.
И жената роди здраво девојче,а недолго по тоа и здраво машко дете.И ден денес тие се грижат за тоа семејство и само во тоа гледаат дека некако измолија од Бога свое сопствено семејство.
На некој начин,тие се благодарни на тоа семејство.

Благо на милостивите,зошто ќе бидат помилувани.
Кажа Господ



Comments