Господ ја гледа нашата тага, борба и добра желба


 


Господ ја гледа нашата тага, борба и добра желба. Неможе секогаш да ни биде лесно тоа се однесува и на животот воопшто, како и на молитвата.

Понекогаш треба да се принудуваме себеси да се потрудиме, пробивајќи се така кон Господа низ својата душевна грубост, униние.

И тој труд во потполност се однесува на нашата добра воља, зошто никој не може да ни го одземе стремежот кон Бога, само ако тоа не престане(  и да ослабне повремено).

И Исусовата молитва е во тој случај најпрост ,,јазол" на исплетената лествица, на која ние тешко и со труд постепено се искачуваме горе, во Царството Божјо.

А зарем Господ, Кој ни ги даде скалите, нема да ни помогне, да не подржи и зајакне? Наравно дека ќе не подржи, поучи и окрепи, како би можеле да се искачиме со доверба и простота, ,,не сонувајќи ништо за себе" туку со трудољубивост и непоколебливост.


свештеник Димитриј Шишкин

Comments