ХРИСТОС И МИША

 ХРИСТОС И МИША

Следниот настан се случил во сиропиталиште во Русија. Така на Бадник, една учителка отиде во сиропиталиштето да разговара со децата ѕа овој голем празник. Повеќето од нив за прв пат слушнале за Христос и за неговото раѓање. Шестгодишното момче Миша внимателно ги слушаше зборовите на учителката.

На децата потоа им беа дадени материјали за да направат макета од пештерата, јаслите и се што е поврзано за празникот.

Гледајќи ги детските ракотворби, наставничката забележала нешто што необично во ракотворбата на Миша. Внатре во јаслите ставил две бебиња.

,,Еден е Христос,, , му рекла учителката. Кое е другото дете во креветчето?

Тогаш малиот Миша почнал да и ја раскажува приказната за Рождеството Христово што штотуку ја слушна од учителката, но додавајќи нешто свое. Кога стигнал до местото каде што Богородица го става бебето во јаслите, продолжил со овие зборови: ,,Тогаш малит Христос се сврте, ме погледна и ме праша дали имам каде да останам. Му реков немам ни мајка , ни татко, немам каде да останам. Тогаш Христос ми рече да останам со него.

Тогаш помислив како немам подарок да му дадам, како другите што дојдоа. Како би останал со него?

Единствен подарок што можев да му го дадам беше да го стоплам. Затоа го прашав : 

-Ако те стоплам, дали е ова добар подарок за Тебе? Исус ми одговори:

-Ако ме стоплиш, тоа ќе биде најдобриот подарок што некој ми го дал.

Така влегов во креветчето, и кога Тој се сврте и ме погледна, Исус ми рече дека можам да останам со Него засекогаш,,.

Кога малиот Миша ја заврши приказната, очите му беа полни со солзи кои неконтролирано му течеа по образите. Се потпре на масата, го покри лицето со раката и силно плачеше. Малото сираче конечно најде некој кој никогаш нема да го напушти, кој секогаш ќе биде покрај него и Некој кој би му рекол да остане со него засекогаш.



Comments