Вистината е блиску, Вистината се сокрива, во срцето на пустината, во пустината на срцето...


 

Пустина...Осаменост...Мир...Чекори, навидум бесцелни, наоѓаат повисок смисол, невидлив за луѓето чиј поглед го замаглува гужвата во сообраќајот, а слухот го загушува звонењето на телефонот.

Тука, далеко од светот, отфрлајќи се што е  минливо, монахот се посвети на барање на Вистината. Сонце, дожд, ветер, снег, не пречат на неговото чекорење. Неговиот мир не можат да го скршат надворешните бури, зошто тој е на поголеми висини од овој свет.


Одсекогаш ме привлекувала пустината и осаменичкиот живот. Овој свет одамна престана да ме привлекува.Ми пречат неговите закони и правила. Ми пречи човечката суета.

Слаб сум, па често злото на другите луѓе го вадеше најлошото од мене. Презаситен од честиот контакт со луѓети чезнеев за осамеништво. Сакав мир на еден пустињак, себеси во потполност да се воздигнам над сите правила на овој свет.


Или поради слабоста, или поради пронаоѓање на смисолот на својот живот во пресилната љубов со која сум врзан за луѓето околу себе, останав сам на овој свет.


Околностите се такви да уште неможам да заминам од овој град и појдам да лутам по планините носејќи со себе само бројаница и икона. Својата борба, барем уште некое време, морам да ја водам во светот.

Но сепак, мојата душа продолжи да чезнее за пустината. Се додека еден ден не ја најдов својата лична пустина.Ја најдов во празните градски улици кога една зимска ноќ појдов на прошетка. Од таа ноќ, често ја посетувам.


Во пустината се движам во ноќта. Денот е резервиран за овоземјени работи. Мојата пустина тогаш исчезнува, ја прекриваат автомобилите, луѓе во брзање и бучава.

Во ноќта се тоа исчезнува. Некои зборуваат дека демоните во ноќта посилно делуваат.Тоа навистина е точно! Но тоа незначи дека ноќта сама по себе е "демонска".

Во ноќта престануваат сите активности, нема обврски, работи, воглавно се затвараат фирмите, продавниците, банките...

Тогаш ноќта постанува време на за зајакнување на духовните сили. Тишината која со себе ја носи ноќта не воведува во духовна борба, која во тек на денот е запоставена.

 

И моите чекори по пустата улица наизглед немаат цел. Целта е во нив самите.

Колку работи ми откри пустината кога во ноќта ќе се состанеме.

Иако патот ми е добро познат, секогаш откривам нешто ново.Човекот го истражи светот околу себе, но светот во него му остана непознат.

Ги имаме мапите на секој град и реон, можеме да се снајдеме во скоро секој дел на планетата, но патиштата во нас самите се потполно неистражени.

Ги изгубивме сите мапи кои не водат низ замрсените патишта на духовниот живот.

Влезот во пустината за мене е само нов состанок со самиот себеси. 

Чудакот од Ничевите приказни трчаше по градските улици со светилка барајќи го Бога. Не го најде, зошто не го бараше на вистинското место-во самиот себеси.


Мирни се моите чекори. Нема во мене гордост која ја манифестирав во друштвото.Нема нервоза, нема грижа, не размислувам за времето и дали постигнувам да ги завршам сите работи.

Нема омраза а спрема кого би имало кога пред мене е само пустина. Нема глад, заборавам со часови на храната и водата.

Мојата храна се духовните богатства кои ги собирам по овој пат. Не чуствувам студенило или умор. Надворешниот свет е подреден на духовниот.


А демоните? Секој пат ги има се повеќе.

Секој чекор е борба со нив.Ме напаѓаат тагата, очајот, празнината, на моменти ми го обзимаат срцето.

Не се тоа лесни ударци собираат сила во тек на денот и постојано постануваат силни. Но мојата Вера успешно ги одбива.Тогаш во помош им прискокнува гневот.

Секогаш работеа заедно и секогаш по тој распоред. Се сеќавам колку долго господареа со мојата душа, додека не им објавив војна до истребување.Тоа сеќавање ми дава сила да се ослободам од нив.

А тогаш, кога сум на ивица да победам, како резервен играч кој влегува да ја реши утакмицата, ме дочекува гордоста.

Неизбежна и непобедлива. Против неа се борам сеќавајќи се на житијата на Светите. Како сум мал во однос на нив. Од многу тешки борби тие излегувале како победници.

Тоа што одам по нивните стапки не ме правни ист со нив. Долга е пустината и уште многу чекори треба да изодам до целта. Но сепак, чувстувам дека тие се со мене.

Ме храбрат да издржам, ми даваат сила и ме подучуваат. Го чуствувам нивното присуство секој пат кога зачекорам во пустината.


Моите чекори затоа храбро чекораат кон Него. Христовата Светлина ме чека на крајот на пустината. Погледот накај неа ми дава сила да чекорам понатаму, ме води низ сите тунели и ми помага да ги пребродам сите пречки.


Понекој блесок на таа Светлина ми покажува дека сум на вистинскиот Пат. Широките пространства се отвараат пред моите чекори. Кога изгубите чувство за простор и време, зачекорувате во духовниот свет.

Тука престанува мојата борба со демоните и ми се отвара вратата на спознанието. Конечно чувствувам Мир!

Моменти во кои мојата душа се напојува од најубавиот духовен извор. Кога проаѓате  низ густ шума, валкани, испотени, уморни, нема да биде крај на вашата радост кога наидете на извор бистра и ладна вода.

Таква радост трепери во мојата душа кога го почуствува оваа блаженство. Валкан од гревови, уморен од патишта на животот, извалкан во калта и нечистотијата кои ги собрав по пат, тажен поради загубите, немоќен да нешто пронајдам- доаѓам до Него.

Тој е мојот цел на мојот пат. Тој е утеха, Милост, Љубов. Тој е смисол. Тој единствен излез од секое страдање кое го нанесува овој свет.


Вистината е блиску, Вистината се сокрива,

во срцето на пустината, во пустината на срцето...



Comments