Пресвета Богородице што да правам?


Елена живееше во Карпенисиј и се омажи за еден лош човек кој за најмала причина ја тепаше.Животните маки ја натераа секоја година на 28 август да помага во манастирот посветен на Пресветата Богородица.

Таа некое време работеше кај еден доктор гинеколог кој добро ја плаќаше,но беше многу тежок човек како нејзиниот маж.Еден ден ја зеде кантата да ја истресе на ѓубриштето кога слушна некое тивко плачење.

Ја отвори кантата и здогледа бебе целото во крв.Пресвета Богородице што да правам? Неможам да го вратам кај докторот зошто од таму го фрлија,но како да го однесам дома,мажот ми ќе ме заколе како јагне.

Го зеде го бакна и го избриша од крвта и го прегрна зошто надвор беше зима и беше многу студено.

Кога пристигна дома немаше никој.Си кажа самата на себеси: Бог е со мене и го изми и го замота во една стара кошула и палто и се прекрсти молејќи се: Пресвета Богородице моја помогни ми и внимавај да не плаче.

И се случи чудо.Бебето една  година не заплака.Таа тајно го хранеше и го успиваше под креветот.Кога мажот и се враќаше дома срцето силно и чукаше.

Времето проаѓаше и детето започна на ползи.

Така едно попладне додека јадеа,бебето излезе и доползи под масата.Кога мажот тоа го виде,очите му засветлија како на лав.Што е оваа ја праша.

Тогаш се прекрсти и му ја кажа тајната.

Беше погоден и го прифати како да е негов.

Оваа дете сега е оженето и живее во Карпенисиј.Од оваа дете имам чаша вода од моето ништо.


Архимандрит Григориј




Comments