Совеста е – природен закон.


 

Совеста е сетило на човечкиот дух, премногу чувствително, светло, кое го разликува доброто од злото.


Ова сетило многу појасно го разликува доброто од злото, отколку умот.


Многу потешко е да ја прелажеме совеста, отколку умот.


Со прелажениот ум, поддржан од гревољубивата волја, совеста долго се бори.


Совеста е – природен закон.


Совеста го раководела човекот до пишаниот закон. Паднатото човештво постепено го усвојувало неправилниот начин на мислење за Бога, за доброто и злото: лажно наречениот разум ѝ ја предавал својата неправилност на совеста. Пишаниот закон постанал неопходност за раководство кон правото Богопознание и Богоугодната активност.


Христовото учење, запечатено со светото крштение, ја исцелува совеста од лукавство, со која гревот ја заразил. Вратеното правилно делување на совеста се подражава и возвишува преку следењето на Христовото учење.


Здравата состојба и правилното делување на совеста можно е единствено во крилото на Православната Црква, затоа што секоја примена неправилна мисла има влијание врз совеста: ја пренасочува од правилното делување.


Намерните гревови ја затапуваат, оглувуваат и успиваат совеста.


Свети Игнатиј Брјанчанинов


Comments