За време на турската окупација еден Епископ ја промени верата...

 За време на турската окупација  еден Епископ ја промени верата за да би се спасил,меѓутоа Турците го тераа да прави имитација на Литургијата.

Најпрвин тој ги одбиваше,но кога виде дека неможе да се спаси,ја зеде чашата,ја подигна и кажа: Сите да се сеќаваме на Господа Бога,истовремено правејќи круг околу масата на кој седеа и јадеа Турците.
Ја остави чашата на масата и се сврте кон Турците да види дали се смејат .
Но тогаш тој се зачуди дека Турците не само што не се смејат туку уплашено го гледаат.
Го направив тоа што ме теравте да ве насмејам зошто така сега ме гледате?
После некое време еден од нив му одговори: Отец ефенди,кога оваа го правеше барем две педи беше над земјата.
Кога го слушна оваа Епископот зачудено излезе и заплака зборувајќи:
Се одреков од Господа, но тој не ме напушти,Божјата благодат се уште ме покрива.
Истата вечер тајно замина за Света Гора,каде го проживеа остатокот од животот во тишина и самоодрекување,незнаејќи никој кој е освен неговиот духовник.



Comments