Кога бев малечок во светот,гледав филм кој ми остана во сеќавање и кој ми помогна да го започнам својот нов живот.

Беше тоа филм со двајца боксери кои се бораат еден против друг.Тренерот на помладиот пред борбата му даде совети:
- Оваа уметност (боксот),бара жртви.Нема да пиеш,нема да пушиш,нема и да спиеш,нема да  имаш сексуални односи со спротивниот пол,за да би имал сила,која ќе ти помогне во борбата и победата!Ако не ги применуваш,нема да успееш...
Младиот боксер не прифати ништо од советите на својот тренер.И кога неговиот тренер го провери и му кажа:
- Ти си луд! Нема да може вака!...Ти да ги губиш борби а ја...Тој така реагираше и го остави.
Но после неколку денови,дојде времето за борба! Замина младиот боксер без тренер покрај себе.
Другиот противник имаше свој тренер кој му беше помошник и ментор, да го советува,да го стимулира, да го охрабрува.
Започна борбата.
Младиот боксер ја губеше земјата под нозете,а другиот победуваше.Неговиот тренер,кој седеше горе на трибините,беше вознемирен кога гледаше како неговиот ученик ја губеше борбата при толку многу удари кои ги добиваше.
Знаеше дека веќе е крај и дека неможе да победи во борбата.
Предвидувајќи дека се наближува крајот,тој се стрча до рингот,му пријде на паузата и му шепна на увото,му даде совет и му даде храброст.
Тоа е тоа! Неговиот ученик стана,започна подобро да се бори и ја добиваше борбата!

Овој филм ми помогна и имав на ум дека без учител,без духовник,без водач, неможеш сам да одиш во духовниот живот.
И така имав голем корист...


Старец Ефрем Аризонски

Comments