Светлината во ноќта е жица на љубовта; друга светлина нема


 

Светлината во ноќта е жица на љубовта; друга светлина нема 


Јас живеам и тогаш, кога за тоа не сум свесен, од Божјата љубов и од љубовта на своите ближни – живите, но и од оние, кои веќе го напуштиле овој свет. 


Бог ме љуби и тогаш, кога на Неговата љубов јас не возвраќам, но јас не можам таа светлина на Неговата љубов постојано да ја примам и да ја гасам со својата себичност, зашто тогаш за мене одеднаш ќе настапи вечна темнина. 


Затоа, на Неговата љубов ќе одговорам со љубов, а тоа најубаво ќе се огледа во мојата љубов кон ближните, а особено кон родителите, кон сопругот или сопругата, кон браќата и сестрите, роднините и пријателите… Дали сум кон нив добар, трпелив и љубезен? 


Или таков сум само кон оние, кои недоволно ги познавам?


Господи Исусе Христе, подај ми и мене, во темнината на животот, да ја носам светлината на љубовта.


Изидор Полак


Comments