Од книгата " Мајко внимавај" на Епископот Екатеринбурски и Ирбитски Иринеј

Од книгата " Мајко внимавај" на Епископот Екатеринбурски и Ирбитски Иринеј,  наведуваме мал пример, невероватен текст кој на родителите им препорачува некои начини како да го уништат своето дете!


- Од малите нозе немојте ништо да му ускратувате.Дајте му што сака, што бара, посебно кога е тврдоглав и плаче. Така ке порасне и ке верува дека другите му должат се, и дека ги има сите права.

 

- Кога ќе почне да користи пцовки, а ти се смееш.Оваа ќе му даде до знаење дека е многу паметен!

 

- Никогаш не му кажувај: " Ова е лошо!".Тоа го зборуваат само старите. Кога покасно ке наиде на потешкотии во својот живот и претрпи зло, тогаш ке има сигурност дека општеството е онаа кое му прави неправда.

 

- Собирајте го онаа што тој тука и таму го фрла, книгите, облеката обувките...Никогаш немојте да му кажете:" Собери ги, стави ги на нивното место". Така ке верува дека мајка му е негова робинка, и дека другите се одговорни за се.

 

- Нека погледа се ( посебно денес на тв и интернет) и да прочита се, а никогаш да не биде насочуван.Вашето дете не е идиот и знае како да разликува! Неговото образование ке постане така широко!

 

- Не давајте му никакво духовно образование. Исмејувајте ја верата, Црквата, свештениците и оние кои се во верата.Кога детето порасне ,, Ќе избира самостојно".

 

- Дај те му полно пари да не би се чуствувал инфериорно во однос на другите и да ,, не биде лишен од онаа што сте биле вие лишени".

Кога порасне, ќе биде сигурен дека парите на човекот му даваат вредност, без обзир како се стекнати.

 

- Никогаш немојте да му кажете:,, Направи го оваа" или ,, Него прави тоа", зошто така го угнетуваш не ја почитуваш неговата слобода и неговата личност. Може дури и да му створите... ментални трауми! Кога порасне, ќе помисли дека животот е само наредба, никогаш не слушајки ги.

 

- Тепајте се, навредувајте се, псујте се помеѓу себе без срам. Не се грижите, нема да му нанасете ментални трауми.Покасно, кога ќе се ожени, ќе мисли дека е природно тоа да го прави.

 

- Кога ќе започне да се заплеткува во мрежата на еротиката и блудот, затворете ги очите. Не зборувајте со него, не го советувајте. Нека гледа, зошто тоа е ,,Нормално".

 

- Секогаш заземете го неговото место пред професорите и соседите.Никогаш не верувајте дека ,,вашиот ангел" може да направи лоши работи и да ве посрамоти. Пронајдете ги оние кои пријателски и добронамерно нешто зборуваат за тоа.Тие се љубоморни на вас.

 

- Кога ке отидете во полициска станица, каде го собрале зошто украл, се тепал или се дрогирал, пред сите викнете дека е старец, скитник, дека сте се жртвувале за неговото добро, но никогаш тоа неможевте да го разберете. Така ќе излезете чисти.

 

- Припремете се за живот полн со болка и покајание. Ќе го имате.



Comments