Еднаш турскиот судија го повика отец Василиј (покасно старец Јероним) во својата куќа.

Кога стигна во куќата на судијата тој кажа:

- Попе,јас сум Турчин,муслиман.

Но од платата која ја добивам оделувам дел за потребите на семејството,а останатото го трошам на милостина.

Им помагам на вдовиците,на сирачињата,ги дарувам сиромашните девојки кога се мажат,им помагам на болните.

Постам како треба,се молам и воопшто се трудам да бидам доследен во својата вера.

Исто така кога судам,се трудам да бидам коректен да судам по закон без разлика кој на која позиција да е.

Што велите,се што правам не е доволно да бидам во рајот,како што викате вие Христијаните?

Отец Василиј беше импресиониран од онаа што му го кажа турскиот судија и веднаш помисли на стотникот Корнилиј(Дела 13).

Тој направи разлика помеѓу два паралелни животи.

Сфати дека е праведен и добронамерен човек,а можеби и неговата сопствена мисија би била иста како и мисијата на Апостолот Петар спрема центурионот.

Затоа одлучи да сведочи за својата вера.

-Господару дали имаш деца?

- Да имам.

- Робови,дали имате?

- Да имам робови 

- Кој подобро ги извршува вашите наредби,вашите деца или вашите робови?

- Сигурно моите робови,зошто децата со храброста што ја имаат често слушаат но работат спротивно и што сакаат,додека моите робови секогаш работат она што им кажам.

- Кажи ми господаре,кога ќе умреш кој ќе те наследи: твоите робови кои верно ги извршуваат твоите наредби,или твоите деца кои не ти се покоруваат?

- Моите деца,секако.

Само тие имаат право на наследство,а не робовите.

- Добро е тоа што го правиш господаре,но единствено што може да добиеш е тоа да те стават во категоријата на добрите робови кога ќе умреш.

Но ако сакаш да влезеш во рајот,во Царството Небеско,мораш да станеш син.

А тоа се прави само со крштевање.






Comments