Шепотот на Свети Јован Дамаскин


 

Шепотот на Свети Јован Дамаскин


Прости ми Мајко Света, прости,

што скрушено ти зборувам во бдение,

што е утеха за целата моја злоба,

во продолжение барам продолжение,

на ноќта која светлина зрачи,

од твојата сенка, во најгустата темнина,

зошто се што посака темнината да

 обезличи тоа бидна светлина во знакот на твојот знак;

Прости ми, Мајко што во приземната беда,

го доведувам во сомнеж погледот твој;

Знам дека овде сум еден во редот,

и гласот ми е зуење на рој пчели,

но затоа се сомневам дека смислата на,

 ројот зависи и од заблудената пчела,

целината што се безконечно дели,

во суштина прават неделив број.

Прости ми, за шепотењето во темнината,

во размислувањето за суетата, што бара,

насушно чудо кое светлината го прави,

кога насред темнина прави засолниште;

Прости ми, но боли оваа рака во зглобот,

пресечена, овие прсти со кои дробам леб, со кои се крстам;

Прости ми што крварам во темнина.

Прости ми, и направи да се исцели,

со својата коска коска, со стеблото гранка; 

Во сребро ке ја исковам својата рана,

Славата твоја да биде мојата рана;

Прости ми за престапите мои минливи,

кој  во чудото на правдата се надева,

Прости и на мојата коска, на мојата злоба,

Но направи чудо. Овде.Сега.



Comments