Се почесто гледаме вакви реклами.


 

Се почесто гледаме вакви реклами.


"Како го замислувате рајот?" - а на сликата чоколади,колачи кремови и слични работи.


Е сега, ако така се обидовте да го замислите рајот, немој да се грижите што не успеавте. Тоа е океј.


Зошто да успеавте да го замислите рајот, кој има врска исклучиво со чоколадото или со било каква  минлива материјалност, тогаш сте во голема заблуда, но и во исто време и во голем страв од смрта.


Сега се прашувате како?


Ако чувствуваш страв од смрта и онаа што ќе биде после овој живот, за тебе рајот ке биде исполнет со разни минливи ситници, но што потоа? Што кога ке ја изедеш целата тегла со крем? Освен што можеш да добиеш шеќер, не добиваш ништо повеќе.


На краток рок уживање= на долг рок последици.


Сега да се вратиме на почетокот.


Дали така го замислувате рајот?🤔


Можеме да јадеме крем, но да не го замислуваме како рај, зошто рајот е многу поголем од една тегла крем, мислам дека е поголем и од просторната ширина на нашата душа.


Можам да кажам дека рајот е поголем и од нас самите, а парадоксално не зафаќа многу простор.


Едноставно е, рајот е во нас самите.


Во секоја прегратка.Во секој збор. Во секоја насмевка.Во радоста. Во погледот.


Додека сами го јадете кремот повикајте некои другари,пријатели и поделете го кремот и ете ви го малото парче од рајот.


И така...одиме понатаму...

 



Comments