МОЛИТВА

 МОЛИТВА


Човек: Оче наш кој кој си на Небесата..

Бог: Да?

Човек: Не ми пречи. Гледаш дека се молам.

Бог: Но ме повика.

Човек: Те повикав? Никого јас не сум повикал. Само се молам: "Оче наш кој си на Небесата"

Бог: Ете пак!

Човек: Што, пак?

Бог: Па ме повика.Кажа: Оче наш кој си на Небесата. Еве ме, што сакаш?

Човек: Но јас со тоа ништо не помислив.
Тоа е само секојдневна молитва,разбираш? Јас редовно се молам со оваа молитва "Оче Наш". Од тоа се чуствувам подобро.Тоа ти е кога извршиш некоја обврска па се чуствуваш подобро.

Бог: Па добро продолжи.

Човек: Да се свети името Твое!

Бог: Чекај! Застани! Што мислеше со тоа?

Човек: Што мислев?

Бог: Па со тоа "Да се свети името Твое".

Човек: Па тоа значи тоа Боже, јас незнам што тоа значи.Одкаде би јас знаел?
Тоа е само дел од молитвата. Тука дај кажи ми што тоа значи.

Бог: Биди свет, возвишен, почитуван.

Човек: Види стварно, па тоа има смисла.
Заправо никогаш пред тоа не сум размислувал така.

Бог: Добро, продолжи.

Човек: Да дојде царството Твое. Да биде вољата Твоја, како на земјата така и на небото.

Бог: Ти тоа навистина го мислиш?

Човек: Го мислам, зошто да не?

Бог: А што преземаш во тој поглед?

Човек: Преземам? Ништо не преземам. Јас мислев да би било убаво да Ти имаш се под контрола тука долу како што имаш таму горе.

Бог: А дали тебе те имам под контрола?

Човек: Па, јас одам во црква?

Бог: Не те прашувам тоа. Туку што ке правиме со твоето плукање по ближните? Тоа тие сериозен проблем.Па начинот на кој ги трошиш парите: само за себе, лажеш,крадеш,осудуваш, ја тепаш својата жена и децата...! А да не зборувам за филмовите кои ги гледаш.

Човек: Чекај  застани малку!Што си се наврзал на мене? Јас не сум ниту најдобар ниту најлош кој оди во црква.

Бог: Извини, мислев дека сакаш да " биде вољата Моја". А ако тоа е целта, тогаш треба да почнам од оние кои се молат. Како тебе например.

Човек: Слушај ме Боже, морам да ја завршам молитвата, и онака трае повеќе од колку треба.

Бог: Ајде продолжи.

Човек: Лебот наш насушен дај ни го денес.

Бог: Би требало малку да попуштиш со тој леб. Предебел си!

Човек: Чекај малку, што е оваа? Ден за критика? Јас убаво појдам да ги извршам своите секојдневни верски обврски а Ти од чист мир  овака дојдеш и започнеш да ме потсетуваш на мојата несовршеност.

Бог: Молитвата е озбилна работа.Би можел навистина да се промениш. Тоа ти го кажувам цело време. Ме повика и еве ме Тука сум.Продолжи со молитвата.Да го слушнам следниот дел од молитвата.

Човек: Се плашам.

Бог: Се плашиш? Од што?

Човек: Знам што ке кажеш.

Бог: Ајдр, провери ме!

Човек: Опрости ни ги долговите наши, како што и ние им ги простуваме на должниците наши.

Бог: А што се случи со Иван?

Човек: Ете, гледаш! Знаев дека тоа од некаде ке го извадиш. Боже зошто зборува лаги за мене? Никогаш не ми го врати долгот.Се заколнав дека со него ке ги изравнам сметките.

Бог: А твојата молитва? Што ке правиме со твојата молитва?

Човек: Па не мислев сериозно.

Бог: Ете, барем признаваш. Но не тие некој трик да го влечеш наоколу целиот тој товар со себе, зарем не?

Човек: Не, но подобро ке се чуствувам кога ке ги изравнам сметките со соседот.

Бог: Нема да се чуствуваш подобро туку полошо.
Осветата не е слатка. Помисли само колку си несреќен.Но, јас тоа можам да го променам

Човек: Како?

Бог: Ти опрости му на него, а Јас ке ти опростам на тебе. Тогаш омразата и гревот ке бидат негов проблем а не твој.
Ти ке го најдеш мирот во своето срце.

Човек: Во право си. А и повеќе отколку сакам да му се осветам на него, сакам да бидам ОК со Тебе (воздишка) но добро, му простувам. Секој што оди наоколу и им прави лоши работи на луѓето какви тој прави треба да му се помогне да се извлече од тоа. Покажи му го вистинскиот пат.

Бог: Ете гледаш.Супер. Не си уште готов со својата молитва. Продолжи.

Човек: И не не воведи во искушение, туку избавине од лукавиот.

Биг: Добро, добро, ке го направам тоа.Само немој да се доведеш во состојба во која можеш да паднеш во искушение.

Човек: Што мислеше со тоа?

Бог: Да кажам, не го вклучувај Тв кога знаеш дека треба да извршиш уште некои други работи. Исто така, што се однесува на времето кое го проведуваш со пријателите во кафиќ, ако неможеш да влијаеш на разговорот да оди во позитивна насока, можеби би требал уште еднаш да размислиш за вредноста на тоа пријателство.Истотака не би требало да се натпреваруваме и споредуваме со соседите и пријателите. И те молам, немој  да Ме користиш како излез за крајна потреба.

Човек: Не го разбирам оваа последното.

Бог: Знаеш, ти, знаеш! Си го направил тоа сто пати досега. Влезеш во проблеми и тогаш дотрчаш кај Мене викајќи " Боже помогни ми да се извлечам од овој проблем и Ти ветувам дека тоа никогаш повеќе нема да го направам! Се сеќам на тие договори со кои се обидуваше да ги склопиш со мене?

Човек: Да, се сеќавам.Навистина се срамувам.

Бог: Ајде заврши со молитвата.

Човек: Амин.

Бог: Знаеш ли што тоа значи?

Човек: Не, но би сакал да го знам.Би сакал да Те задоволам. Гледам каква  конфузија направив од својот живот.И гледам како би било убаво да постанам еден од Твоите следбеници. 

Бог: Сега си одговори на своето прашање.
Е па сега, кога некои од старите гревови се извлечени на површина и остранети, тешко е да се најдат зборови да се опише што се можеме заедно.

Човек: Боже, ајде нешто да направиме од мене, дали е договорено?

И Пак човекот си тера по свое



Comments