Тропар на светиот Христов подвижник Прохор Пчински, Тропар на преподобниот Христов подвижник Гаврил Лесновски

 Тропар на светиот

Христов подвижник

Прохор Пчински

15 јануари/ 28 јануари

 

Достоен стана о ти преподобен оче Прохоре,
   Христов ученик да се наречеш,
затоа што светот и неговата прелага ги остави,
     и душата своја за Бога ја оневести.
А Он Младенецот со милост те закити,
     и со чудотворство те надари,
за да вавек измолуваш спасение,
    за оние кои го повикуваат твоето свето име, 
а Христа го прославуваат припаѓајќи при твоите свети мошти. 

 

  Тропар на преподобниот 
Христов подвижник
Гаврил Лесновски

15 јануари / 28 јануари

Измолен од Бога од твоите родители, 
   даруван од Христа ги поддржуваше Ангелите,
Гавриле преподобен оче наш,
     непријателот се посрами од твоите свети подвизи,
чудеса се случуваа од твоите свети мошти, 
      моли се за нас ти Христов пријателе,
со твоето застапништво пред Бога 
      да добиеме милост голема. 

 


Comments