Единствено Бог може да даде


 



Единствено Бог може да даде


Во време на владение на еден праведен цар, во шумата живееше еден старец кого го посетуваа полно луѓе.


Еден ден старецот помисли како би било убаво да ги послужи со нешто посетителите.


А, како да го направи тоа без пари? 


Така одлучи да појде кај царот по помош, зошто знаеше дека портите на царската порта секогаш беа отворени за светите луѓе.


Кога влезе во палатата, го затекна царот како му се моли на Бога; не сакајки да му додева, седна неприметен во еден агол.


Слушна како царот ја завршува својата молитва: о Боже, дај ми пари, дај ми богатство и се на тоа слично.


Кога ги слушна таквите молитви, стана и појде накај излезот, царот му даде знак да застане.


 Кога ја заврши молитвата, царот му се обрати: дојде да ме видиш со некоја причина; како сега заминуваш без ниеден збор? 


Ваше величество нетреба да се грижите за тоа, му одговори старецот.


Време е да појдам. Меѓутоа, царот беше упорен да ја слушне причината за такво заминување, старецот му одговори:

многу луѓе ја посетуваат мојата колиба, па затоа дојдов кај вас да побарам малку пари.


Ако е така, му кажа царот, зошто сега заминуваш, а да не побара пари од мене?


Старецот му одговори: видов дека и вие сте просјак, му се молевте на Бога за пари и богатство.


Затоа самиот на себе си реков: како можам да просам од просјак? Ако морам да просам, ке просам од самиот Бог.


Comments