Мнозина од Светиите примија од Бога разни дарови кои со искрена молитва на верниот народ,во секакви прилики брзаат да помогнат.


Ајде да погледнеме некои од нив,кои се забележани во Свето Горските книги:


Свети Кипријан,Свети Јустин, Пресветата Богородица и Свети Тома помагаат во борбата против телесните искушенија,секакви магии,во нивното разрешување и воопшто се бораат против нечистите духови.

Свети Андроник и Свети Атанасиј помагаат на луѓето кои сакаат да имаат духовен живот.

Света Фотина помага при главоболка.

Света Параскева и Свети Игнатиј помагаат кај сите очни болести.

Света Петка помага при решавање на брачни расправии.

Свети Јован Богослов помага кај јазични пречки, неразбирлив говор, пелтечење,разни отоци,едеми и несоница.

Свети Јован Богослов и Света Параскева помагаат кај сите врсти на изгореници.

Свети Пантелејмон помага кај крварење во телото,носот и сл.,како и во градите.

Света Доротеа помага кај болестите на лицето и неговата деформација.

Света Марија Магдалена помага при паѓање на косата и болки во прстите.

Свети Антипа помага кај забните болки.

Свети Павле Исповедник помага кај воспаление на грлото.

Свети Авакум помага кај болките во уши.

Свети Харалампиј помага кај стомачни и цревни болки,заразни болести,но кај тагата и депресијата.

Свети Василиј Амасијски помага при ревматизам на раката,нозете, кичмата, но и кај очајанието и фрустрации.

Света Ксенија помага при срцевите заболувања,кај сите врсти неурози,осип,во сите врсти на магии и за успех во работата.

Света Варвара помага кај кожните болести(мали богињи,морбили,големи богињи,лепра и др.) како и на оние кои патуваат со автомобил,воз,авион, но и на оние кои поправаат секакво моторно возило.

Свети Теодор Стратилат и Свети Теодор Тирон помагаат кај сите врсти на екцем.

Свети Теодор Тирски помага при пронаоѓање на исчезнатите.

Свети Мина помага при жолтица,пронаоѓање на изгубени работи и заведени луѓе, истотака штити од арамии и од пожар.

Свети Фануриј помага да се пронајдат сите исчезнати.

Свети Трифун,Свети Еротеј Атински,Свети Хараламбо и Свети Серафим помагаат во градините,нивите,житни култури,дрвја и билки.

Свети Никола помага на морнарите и на оние кои патуваат со брод, како и на вдовиците, сирачиња и девици.Истотака ги штити планинарите од дожд.

Свети Антипа помага на вдовиците,сирачињата и на девојките.

Света Поликленија помага и ги штити работниците на скелиња, оние кои имаат мачнина при возење, но и на трудниците да не дојде до спонтан абортус.

Свети Рафаил,Свети Никола,Света Ирина и Свети Нектариј ги лекуваат болните од различни болести.

Свети Стилијан ги штити бебињата и деца, им помага на родителите да стекнат пород.Истотака помага браќата да не се расправаат помеѓу себе

Света Ана,Свети Фануриј и Света Ксенија генерално ги штитат децата.

Свети Бонифациј помага на алкохоличарите да се ослободат од страстите.

Света Ксенија Петроградска помага да се завршат караниците помеѓу луѓето.

Свети Елефтериј помага на трудниците.

Свети Константин и Света Јелена ги штитат сопружниците

Свети Артемиј помага кај секакви видови на кила и цревни потешкотии.

Света Катарина и Свети Теодор Стратилат помага кај болести на женските полни органи.

Света Дросида помага кај венеричните болести.

Свети Никита Новомаченик од Нисирос и Свети Никита помагаат во моменти на слабост во нашата вера.

Свети Стефан,Свети Анаргирос и Светиот Апостол Петар помагаат при камен во бубрезите,жолчката и бешиката.

Света Олга помага при земјотресите,поплавите и громовите.

Свети Модест помага кај болестите на животните.

Свети Василиј Велики и Светите пет маченици ни помагаат да не се обратиме или да бидеме заведени со ереста,како и во секакви рани.

Свети Партениј Лампасакиски,Свети Нектариј,Свети Анаргирос и Свети Сава помагаат при рак.

Свети Христофор не штити од градот.

Работниците,луѓето на работа и разни групи на луѓе имаат свои Светители како заштитници.
Некои од нив се:

Света Петка е заштитничка на очните лекари.

Свети Антипа заштитник за заболекарите.

Света Варвара заштитница на артилерците.

Свети Трифун заштитник на земјоделците и сточарите.

Свети Никола заштитник на морнарите.

Свети Лука и Свети Пантелејмон заштитници на лекарите.


Свети Три Ерарха ктитори на просветата, Свети Дионисиј Ареопагит заштитник на судството.

Свети Зено поштар заштитник на поштарите,Света Фија заштитница на медицинските сестри.

Свети Пророк Илија заштитник на пекарите, Свети Христофор заштитник на водичите,Свети Марко Глув заштитник на глувите.

Свети Архангел Михаил заштитник на воздухопловството.

Свети Артемиј и Света Ирина покровители на полицијата и силите за безбедност.

Свети Ѓорѓи заштитник на пешадија.

Свети Апостол Матеј заштитник на царина.

Свети Новомаченик Михајло заштитник на слаткарите.

Свети Михаил Саровски заштитник на шумарите.

Свети Сампсон заштитник на хотелските работници.

Света Ефросинија заштитница на готвачите.

Свети Онисим заштитник на затворениците.

Свети Ксенофонт и Свети Трифун заштитници на земјоделците.

Свети Порфириј заштитник на актерите и на народот во театар.

Свети Симеон Трабзонски и Свети Андроник заштитници на златарите.

Свети Стилијан заштитник на болните од неизлечливи болести.

Свети Христо Новомаченик заштитник на градинарите.

Свети Онуфиј заштитник на лажно обвинетите.

Свети Јован Рус заштитник на воените заробеници...



Comments