Тропар на Обрезание на Господ Исус Христос

01 јануари / 14 јануари

 Тропар

Ти, Кој седиш во огнозрачен престол на висините, со Твојот беспочетен Отец и со Божествениот Дух, си благоволил да се родиш од неискусомажна девојка – Твојата Мајка, Исусе! Поради тоа си бил и обрезан како човек осмодневен. Слава на Твојот себлаг совет; слава на Твоето снисходење, единствен Човекољупче!


Тропар на Свети Василиј Велики

01 јануари / 14 јануари


Тропар

Твоето учење се рашири по целата земја, и таа го прими твоето слово; преку него си поучувал долично за Бога, си ја појаснил природата на Света Троица, и си го поправил однесувањето на луѓето. Светителу со царско име, оче преподобни, моли Го Христа Бога, да ги спаси душите наши. 




Comments