Вистински пријател

 Вистински пријател

Мојот пријател не се врати од фронтот господине.

Барам дозвола да се вратам и да го побарам му кажа еден војник на својот предпоставен.

- Не доаѓа во обзир! му одговори старешината.

- Не сакам да си го ризикуваш животот за човекот кој највероватно веќе е мртов.

Војникот без обзир на забраната, отиде и се врати после пола час ранет, носејќи го мртвото тело на својот пријател.

Старешината беше бесен: Ти кажав дека е мртов! Дали се исплаќаше да одиш таму поради мртов човек?!

Војникот, умирајки, одговори: Да господине! Кога го најдов сеуште беше жив и ми кажа: Бев сигурен дека ке дојдеш!

Пријател е оној кој доаѓа и тогаш кога другите те напуштија.

 Никој нема поголема љубов од оваа: да ја положи душата своја за своите пријатели.(Јн. 15,13)



Comments