Најголемата молитва...



 

Најголемата молитва 




Мирот доаѓа од утробата Божја и ни се нуди. Тој секогаш го надминува умот и ги чува нашите срца.

Тоа е, како што вели Свети Николај Кавасила: плод на сите човечки доблести и сета филозофија.

Кога ќе добиеме мир, ги добиваме сите добра и немаме потреба.

Затоа мирот е единствениот и најпотребниот елемент на Божествената Литургија.

Во античко време, кога епископот или поглаварот на собранието влегувал во Црквата, тој го поздравувал народот велејќи: Мир на сите.

Ќе ме прашате, кому го кажа тоа? На ѕидовите?

Не, затоа што во тоа време народот прво се собираше, бидејќи знаеше дека го чека Бога, а потоа ќе дојдеше епископот или свештеникот, кој е лик на Христос.

Веднаш штом влезеше, даваше благослов Мир на сите.

А на Литургијата често повторуваше: Мир на сите.

Кога си заминуваше, пак ќе речеше: Заминете во мир. Со други зборови, си зел мир, го имаш, замини со него.


Старец Емилијан Симонопетриски


Comments