На кого Пресветата Богородица милостиво му го поклони Својот благослов...

 На кого Пресветата Богородица милостиво му го поклони Својот благослов...




На кого Пресветата Богородица милостиво му го поклони Својот благослов,ако е грешен ќе се оправда, ако е немоќен, ќе се зајакне, ако лепрозен ќе се очисти, ако е паднал ќе се подигне а ако е тажен ќе се зарадува.

Благо на секого кој ќе го прими благословот од Пресветата Богородица.

Од љубовта спрема Создателот Свој и од човекољубието Пресветата Богородица и сега и служи на Црквата Христова.

И сега Таа доаѓа на помош на верните, каде и да се верните кои плачат за нејзината помош, и тоа сега со поголема сила и леснотија и брзина. Затоа да Ја повикаме и да го побараме Нејзиниот благослов.

На кого Таа милостиво му го поклони Својот благослов, ако е грешен ќе се оправда, ако е немоќен ќе се зајакне, ако е лепрозен ќе се очисти, ако е паднат ќе се исправи, ако е тажен ќе се зарадува. 

Благо на секој кој ќе го прими благословот од Пресветата Богородица.

А секој кој ќе го прими благословот на Неа и прави чест и ја прославува.

По Својата мајчина милост Таа ќе ги спаси сите оние кои молитвено и со солзи ќе повикат:

ПРЕСВЕТА БОГОРОДИЦЕ, СПАСИ НЕ НАС!


Свети Николај Велимировиќ


Comments