Гревот е најскапиот производ на светот...

   Гревот е најскапиот производ на светот...



Гревот е најскапиот производ на светот, кој го продава сатаната во замена за душата на човекот. Неговиот производ, гревот, го премачкува, го камуфлира, така што го привлекува и го навезува човекот и станува пожелен за сите луѓе...

Гревот не е само капсула што ни го одзема привремениот живот, туку ни ја расипува вечноста, затоа што нè отсекува од секаков однос со Бога. А сепак и покрај сето ова, човеку, кога ѓаволот ќе ти зборува за гревот и ќе те подложи на расипаност и секаков вид грев, ти го следиш со раце и нозе.

Повеќето луѓе го имаат ѓаволот како најдобар пријател, но во суштина тоа е уништување и губење на нивната душа. Каде е нашата логика? Kаде е?

Како седиш човеку и ги учиш сите детали за гревовите и сите зла на светот и не те интересира да научиш како да се спасиш? Сам одиш на грев и сам ќе одиш кај Христа. Затоа што многумина чекаат Христос да дојде кај нив, без тие да направат ништо.

Многумина се свртеа кон Христа, без да протераат ништо од старото. Тие едноставно го додадоа Христос во нивните животи. Какво покајание е ова? И тие мислат дека станале христијани.

Човекот греши на три начини: со своите зборови, со своите дела и со своите помисли.

Да се ​​покаеме, да се вратиме кај Христа и да ги исповедаме своите гревови пред да биде предоцна, затоа што не знаеме што има предвидено Господ за човештвото.

Покајанието, исповедањето пред православен свештеник и Светата Причест на Православната Црква се спасоносното средство за добивање на свадбена облека и сето тоа БЕСПЛАТНО.

А зборот, Слободен, го подразбира и претпоставува бесценетото во судниот ден.


Димитрос Панагопулос


Comments