Мислев дека ќе се сетиш на мене...

 Мислев дека ќе се сетиш на мене...



Те погледнав дете мое како и секогаш кога се будиш наутро.

Очекував да ми кажеш два-три збора, да ми се заблагодариш за тоа што ти се случува, да ме прашаш за тоа што ќе правиш денес.

Забележав дека си многу зафатен обидувајќи се да ја пронајдеш вистинската облека за да одиш на работа.

Се надевав дека ќе најдеш време да ми кажеш добро утро!

Но, ти беше премногу зафатен.

За да видиш дека сум близу тебе, ти го направив шареното небо и чврчорењето на птиците.

Но, штета што и тогаш не го забележа моето Присуство.

Те гледав како брзаш на работа и пак чекав.

Претпоставувам дека поради твојата работа тогаш немаше време ни два збора да ми кажеш.

Кога се враќаше од работа, го видов твојот умор, стресот и ти испратив дожд за да те ослободам од притисокот на денот. 

Мислев дека ќе се сетиш на Мене.

Но за возврат, огорчен, ме проколна.

Толку многу копнеев во молитва да ми зборуваш.

Но, денот беше сè уште долг.

Го вклучи телевизорот потоа, а додека ја гледаше омилената емисија, јас чекав.

Потоа вечераше со твоите блиски и уште еднаш не се сети на мене.

Гледајќи те толку уморен, ја разбрав твојата тишина и ја изгаснав светлината на небото за да можеш да се одмориш, но не те оставив во темнина.

За тебе оставив мноштво ѕвезди будни!

Беа толку убави, штета што не ги забележавте...но тоа е во ред!

Ти праќам ангел!

Дали сфати дека сум тука за тебе?

Имам повеќе трпение отколку што можеш да замислиш. Сакам да ти ја покажам мојата љубов, Крстот кој го издржав, а се уште го трпам, за ти, пак, да им го покажеш на оние околу тебе.

Сега од момент во момент повторно ќе се разбудиш.

Сè што можам да направам е да те сакам и да се надевам дека барем денес ќе ми дадеш малку време од своето време...


Comments