Секогаш кога непријателите на доброто, непријателите Божји му поставувале стапица на Христа, тие самите паѓале во неа.

 Секогаш кога непријателите на доброто, непријателите Божји му поставувале стапица на Христа, тие самите паѓале во неа.




Кој сака да го срами Бога, се срами себеси и му дава можност на Бог да се прослави повеќе.

Оној што постапува така што ги понижува праведните луѓе, на крајот се понижува себеси и го возвишува праведниот човек.

Оној што ќе стави камен на патот на праведникот, самиот се сопнува над него и го принудува праведникот да оди нагоре каде што појасно се забележува праведниот пат.

Многупати , сè што доаѓа од Бога, во овој живот, изгледа слабо, но на крајот е посилно од ѕвездите и од огромните океани.

Обрнете внимание и научете од следните случаи каде што беа еден против друг и обрнете внимание, лекцијата што ја даваат:  Мојсеј и фараонот, Давид и Голијат, Јов и сатаната, Ерусалим и Вавилон, Даниел и Дариј, апостолите и Рим.  Ако можеш да ги разбереш лекциите што Бог ги дал со овие јасни примери, ќе извикаш со радост заедно со Давид:  Едни – со коли, други – со коњи, а ние со името на Господа, нашиот Бог, се фалиме (Псалми 19, 8).

Секогаш кога непријателите на доброто, непријателите Божји му поставувале стапица на Христа, тие самите паѓале во неа. Кога Го омаловажуваа и самите беа омаловажувани, кога сакаа да му ја затворат устата, самите молчеа. Навистина, сè што направија за Неговиот срам, на крајот го направија за Неговата слава и нивниот сопствен срам. Така се случуваше и тогаш и така е денес. 

Свети Николај Велимировиќ 

Comments