Многу чуда се случуваа по молитвите на Свети Гаврил...


 



Многу чуда се случуваа по молитвите на Свети Гаврил Грузијски за неговиот живот - луѓето беа исцелени, се охрабруваа да ја зајакнуват својата вера, и се научија на љубовта.

И самиот старец често кажуваше: Нека никој не мисли дека љубовта е вроден талент.

Љубовта може да се научи и кон тоа треба да тежнееме. Господ несака големи зборови туку сака дела.

Добро дело е љубовта кога правите добро, се качувате за една степеница, но кога грешите, паѓате долу. Целиот наш живот се состои од оваа искачување и паѓање.

Луѓето денеска се инспирирани од молитвите на Свети Гаврил, примајќи исцеление со неговите молитви и со задоволство ги делат таквите случки со нас.Ви представуваме една таква случка за чудесното исцеление.

Блиско се поврзав со Свети Гаврил кога мојот син Давид стана продуцент на филмот за Светителот.Слушнав разни приказни за Баќушката, за тоа каков човек беше, како им помагаше на луѓето, оцрнувајќи се себеси истовремено да не му мислат добро.

Од се тоа што го слушнав ми беше мило што мојот син и неговите пријатели снимаа филм за таков Светител.

Еден убав ден во мојата куќа се одвиваше интервју со една религиозна девојка од Русија Елена.

Незнаев за тоа, се вратив од работа,влегов внатре, видов опрема,осветлување;се изненадив што се случува и ја слушнав случката која ја раскажува девојката:

Имав меланом на рамето. Се помазав со маслото земено од гробот на Свети Гаврил, а потоа заминав на анализа кај онкологот: Покажи ми што се случува.

Ја соблеков јакната и му го покажав рамето. Докторот ме праша: Каде е?

Како мислите каде?Еве, на моето рамо!

Повторно ми го постави истото прашање, а јас повторно му одговорив: На рамето!

Ме заврте спрема огледалото и видов дека на моето рамо нема ништо! Се беше чисто!

Докторот ме погледна преку наочарите и ми кажа: Па, млада дамо, земи ги анализите и оди во мир! Што сте сонувале незнам!

Вознемирена, тивко излегов. Во петокот имав меланом од прва фаза, а во понеделник се беше чисто!

Слушајќи ја оваа приказна, бев зачуден.

Се прекрстив и веднаш пријдов кон иконите.,,Голем си, Господи", кажав.

Помина нешто повеќе од една година кога во мојот живот се случи катастрофа: На главата ми се појави некаква точка која раснеше и потемнуваше.

На тоа место почна да тече некоја течност и заминавме на доктор. Ни кажаа дека тоа е тумор и дека треба по итно да се направи операција.Исто така и докторите во Италија тоа го потврдија.

Во моето семејство набрзо беа донесени моштите на Свети Гаврил Грузијски, неговиот шешир, дел од неговата мантија и икона од Светителот.

Со големо почитување се поклонив пред Светите мошти, започнав да се помазувам со маслото од гробот на Светителот, се молев и го посетив манастирот Самтавро и набрзо приметив дека повеќе не тече течност од туморот.

Неколку недели покасно, туморот потполно исчезна.Немаше  посреќен човек од мене. Целото мое семејство му се заблагодари на нашиот сакан Светител Гаврил, по чии молитви Господ го објави таквото чудесно исцеление.

Кога бев на преглед после се што се случи, докторите неможеа да веруват дека туморот исчезнал без операција. Моите тестови беа 100% чисти. Кога ги испративме сликите во Италија, тие истотака неможеа да веруваат.

Неможе тоа да се случува! Кажаа. Без операција? Како?! им одговорив радосно дека овдека имам одличен доктор - успеа без операција.

А што ако беше потребна операција? понекогаш ме прашуваат луѓето, а јас им одговарам дека се е од Севишниот, а главно е дека никогаш нетреба да ја губиме надежда и да се молиме за Божја помош.

Кој прашува, добива, и тогаш од ништо не стравувате и операцијата не е така страшна: Господ работи со рацете на докторот.Главно е дека треба да му се молиме на Господа и да не ја губиме надежта.

А кога е блиску таков голем Светител, како нашиот сакан старец Гаврил, тогаш морате да му се молите и да бидете уверени дека Баќушката со своите  ревносни молитви ќе го однесе вашиот  повик кон Бога.

Господ е милостив, а кога ќе се приближиме кон Него се ќе оди како што треба - тоест, ќе биде добро.

Господ прави такви чуда по молитвите на Свети Гаврил.

 Слава и благодарност на Него за се.


Амин!



Comments