Молете Му се да им ги отвори очите и срцето на противниците на верата...


 




Молете Му се да им ги отвори очите и срцето на противниците на верата




Зошто се плашеше? Сиромашните се кренаа против твоето богатство и ти се плашеше! Отсекогаш било вака, сиромашните со незадоволство гледаат во богатите. Вашата вера е вашето богатство. Вашата христијанска вера вклучува небо и вечност и живот и вистина и правда и радост и светлина и ангели и песна. А оние кои се без сите овие се бунтуваат против вас, вистинските богати.

Да се ​​побунат, да се збогатат и самите духовно како тебе, тогаш ќе се радуваме. Другите не сакаат само да ве осиромашат. Во тоа лежи разликата меѓу оние кои се бунтуваат против светските богати и оние кои се бунтуваат против духовно богатите.

 Првите би сакале да им го одземат богатството и да го присвојат, додека вторите би го одзеле и фрлале. Кај оние првите потребата е честа, понекогаш љубомората, додека кај оние вторите е злобата. А злобата се храни со темнината на незнаењето и во своите пазуви носи казна за себе. Ако го мразиш злиот, двапати го казнуваш. Ако се плашите од него, се казнувате себеси. 

 Апостолот ни вели тој: И во ништо не плашете се од противниците; тоа е знак за нивната погибел, а вам – за спасение. И тоа е од Бога (Фил. 1,28). Господ, Кој гледа сè, те гледа тебе и твоите противници непрестајно, од утро до вечер и од вечер до утро. Мисли на Господ и нема да се плашиш.

Еден храбар млад човек ми напиша како се бори за својата душа.

 Кога помислувам вели тој на Бога покрај мене, не се плашам ниту од противникот но штом мојата помисла за Божјата близина ќе се оддалечи од мене, ме обзема страв. 

А овцата се чувствува храбро покрај својот овчар. Приближи се до добриот Пастир Христос. Моли Му се да не те остави. И молете Му се да им ги отвори очите и срцето на противниците на верата , за да видат дека не се противници на никого освен на самите себе. За да го видат само својот спас.



Свети Николај Велимировиќ 

Comments