Никој не е премногу сиромашен за да не даде насмевка...


 


Никој не е премногу сиромашен за да не даде насмевка..



Насмевката  не чини ништо, но сепак  е скапоцена.

Таа трае само миг, но сеќавање на неа може да биде вечно.

Насмевката ги ослободува уморните, ги утешува тажните и шири мир во куќата.

А сепак, не се купува, не се позајмува, не се краде, бидејќи има вредност само кога се нуди.

И ако некогаш во животот сретнете некој кој не ви ја дава насмевката што ја заслужувате, бидете дарежливи и подарете му ја вашата. Затоа што никој не е толку сиромашен за да не може да даде насмевка, и никој не е толку богат за да не му треба насмевка. И како и да е, никому не му треба повеќе насмевка од оној кој не може да им ја подари на другите.

Comments