Сострадање...
Сострадање
Една мајка често посетувала институција за деца со телесен инвалидитет. Еден ден таа го донела едно осакатено момче кое било грбаво за да му прави друштво на нејзиниот син.
Таа го предупредила синот да биде многу внимателен во односот со него и да не го повредува зборувајќи за неговата состојба, туку да си игра со него како да е дете како другите.
По некое време нејзиниот син му рекол на детето:
– Знаеш ли што имаш на грб?
Малиот грбавец се вознемири, се тетерави за момент и детето продолжи:
– На твојот грб е кутијата во која ти се крилјата, а еден ден Господ ќе ја отвори и тогаш ќе леташ високо високо како прекрасен Ангел!…
Луѓето се восхитуваат на големите и совршени ликови, но големите ликови не ги создава луксузот и убавото време, туку само страдањата и искушенијата.
Страдањето е прекрасно ѓубриво за корените на душата.
Големата цел во овој живот е одгледување на душата. Тоа е единственото нешто што ќе го земеме со себе во вечноста!…
Оти мислам дека страдањата на сегашното време не се ништо спрема славата, која ќе се јави во нас (Рим. 8:18).
Архимандрит Нектариј Костопулос
Comments
Post a Comment
Напиши коментар