Колкумина Пилати не ги мијат рацете...


 




Колкумина Пилати не ги мијат рацете...



...Зарем еден Пилат не е постојано присутен во нас?

Дали е вистина дека кога ќе дојде моментот да кажеме решително, неотповикливо не на лагата, неправдата, злото и омразата, се предаваме на искушението да си ги „измиеме рацете“?

Зад Пилат беа римските војници, но во своја одбрана можеа да кажат: ние само следевме наредби, ни беше кажано да „неутрализираме“ некој бунт кој предизвикуваше вознемиреност и неред, па што зборуваш?

Зад Пилат, зад војниците беше толпата, истите луѓе кои шест дена пред тоа извикуваа „Осана“ додека триумфално го поздравуваа Христос при Неговото влегување во Ерусалим, само што сега нивниот извик беше Распни го! Но и за тоа имаат објаснување.

Не се нивните водачи, нивните учители и нивните владетели кои им рекоа дека овој човек е криминалец кој ги соборил законите и обичаите, и затоа според законот, секогаш според законот, секогаш според постоечкиот статут, мора да умре…?

...Колку Пилати не ги мијат рацете, колку војници не брзаат да ги извршуваат наредбите на воената хиерархија, колку луѓе послушно, совесно, не им аплаудираат или барем не гледаат молчејќи во триумфално зло?


отец Александар Шмеман

Comments