Во Црквата Христова нема мртви

 Во Црквата Христова нема мртви




Во Црквата Христова нема мртви: сите во неа се живи, па дури и бесмртни.

Секој свет храм е и парче Рај на земјата. И кога сте внатре во храмот, веќе сте во Рајот. Значи, кога земјата ќе ве здроби со својот пекол, трчајте во храмот, влезете внатре и ете, вие сте во Рајот.

Ако луѓето ве вознемируваат со својата злоба, обратете се во храмот, клекнете пред Бога и Тој ќе ве прими под својата слатка и семоќна заштита.

Ако се случи да паднат врз тебе цели легии на демони, трчај во храмот, меѓу ангелите затоа што храмот е секогаш полн со ангели, а Ангелите Божји ќе те заштитат од сите демони на светот.

Свети Јустин Поповиќ 

Comments