ВОСКРЕСЕНИЕ НА НАРКО ЗАВИСНИК

  ВОСКРЕСЕНИЕ НА НАРКО ЗАВИСНИК




За едно чудо на Свети Гаврил Грузијски

Оваа се случи на 14 октомври 1998 год.во Мцтхети,древна престолнина на Грузија. Ѓорѓи главниот јунак раскажуваше:

- Во оваа тешко време живеевме со својото семејство во Тбилиси. Бев наркоман.

Тој ден мојот пријател ме повика да појдам со него.

Бев во состојба на опиеност со дрога,земав хероин. Тогаш бев рамнодушен спрема Црковните празници: се согласив да одам со нив тој ден. 

Бевме на концерт,седевме во ресторан.

А кога се спремавме да заминеме,неговата сопруга Тамара,кажа дека тука во близина е гробот на чудотворецот старец Гаврил, и дека сакаше да оди на неговиот гроб и да се помоли.

Бев ме присилени да застанеме,но не влеговме во манастирот Самтавро, во чиј двор тогаш се наоѓаше гробницата. Се сеќав дека повикав по неа: Запали една свеќа и помоли се за мене!

Навечер, кога пиев чај дома, дојде еден мој познаник и ми покажа "одличен" хероин.

Тогаш бев опиен од дрога, но одбивањето беше под мое достоинство...

Не се сеќав што понатаму се случи.

Ме извлекоа од кујната. Родителите кои беа дома повикаа итна помош.

Докторите безуспешно пробуваа да ми помогнат. По првото возило дојде и друго, па трето, четврто...покрај мојата куќа беше колона од возила на итната помош. 

Мојот брат влета. Сите викаа.

Ми вбризгаа 20 мг.Наркан. Тие кои се разбираат од медицина знаат дека таквата доза може и покојникот да го воскресне, но ништо не се случи.

Потоа ми вбризгаа адреналин во срце, применија електрошок, но се беше залудно...

Поминаа 45 минути од мојата смрт.

Четири лекарски тимови залудно пробуваа да ми помогнат...

Еден час подоцна, сликата беше следнава: јас целиот поцрнет, со раце заврзани со завој, лежев на подот под белиот чаршав.

Тогаш мојата мајка ја изгуби свеста а татко ми ослепе. Вратата беа отворени.Во дворот се собраа соседите. Жените плачеа. Докторите го пишуваа посмртниот лист.

Некои од нив тивко шепотеа: тоа не е првиот млад човек кој умре од таа проклета дрога. Колку оваа може да трае...

Во тој момент Манана, сосетка која беше верничка која беше парохијанка на манастирот Самтавро, тивко влезе низ отворената врата на собата во која лежев.

Манана ми го тргна чаршавот од лицето и со масло од гробот на Старецот Гаврил ми направи Крст на челото.

Се надеваше дека оваа некако ќе ми помогне пред Севишниот...

И јас...веднаш рипнав со завој на рацете!

Младиот доктор кој го пишуваше посмртниот лист падна во несвест.

Настана невидена мешаница. Веднаш ме одвезоа во болница и бев три дена на прегледи.

....И понатаму ја чувам посмртница.

Поминаа веќе 26 години од смрта на големиот старец Гаврил, но чудо- прво на неговиот гроб, а сега и на Светите мошти - не престануваат...




Comments