Себичен човек никогаш не може да сака...


 


Себичен човек никогаш не може да сака



Себичниот човек никогаш не може да сака.

Себичниот човек не сака никого затоа што се сака само себеси. И тој не слуша никого затоа што се слуша само себеси. И никогаш не се излекува затоа што сам си станува лекар. Ниту, пак, комуницира со другите затоа што зборува само со себе. И најлошиот дел? не ни гледа што му се случува затоа што е слеп! И не ја гледа својата голотија, својата болест и своите рани.

Затоа фарисејот бил критикуван, бидејќи не дозволил исцелението да дејствува. Додека митникот, да, тој беше грешник, злобен но беше оправдан од Бога затоа што ја најде тајната на успехот.

Што направи тој? Застана наназад, се поклони и плачеше, удирајќи се во градите и рече: Боже, помилуј ме грешниот. Така влезе во рајот.

Затоа блудниците и проститутките ќе ве водат во Царството Небесно не поради нивните дела, туку поради нивното покајание. Затоа што имаа покајание пред Бога.

Не ги користеа своите добри дела како изговор.. немаа ни трошка гордост.. никогаш не веруваа дека се достојни за Царството Божјо!

Отец Тихон Русин велеше дека видов, вели, рај и пекол.

Што се случува таму! Пеколот е полн со Светци, но Светците се горди но рајот е полн со грешници, но грешниците се понизни


Митрополит Лимасолски Атанасиј


Comments