Се додека не почнавте да му се молите на Бога, сите бевте сакани
Се додека не почнавте да му се молите на Бога, сите бевте сакани
Додека не почнавте да му се молите на Бога, сите бевте сакани. И сега одеднаш во вашиот дом сте во центарот на непријателски камп.
Порано се опивавте, пушевте и крадевте малку, пцуевте и бевте мрзливи во работните денови и правевте се друго што е гнасно пред Бога а чесно за светот. А сепак тогаш си бил сакан од сите дома. Но, сега кога се свртевте по патот на правдата, чесноста и молитвата, сега сите се втурнаа кон вас како оси.
Радувај се, брате, стопати радувај се. Зарем не гледаш дека Евангелието се случува во твојот дом? Во истата куќа во која досега се зборуваше за данокот и тешката дневница и крадците и проневерите , во истата таа куќа почнаа да се исполнуваат евангелските пророштва. Вашата куќа се издигна до небесата, стана сцена на христијанската драма, ја фати врската со апостолското и маченичкото време. Историјата на христијанската црква се случува во мал обем во вашиот дом. Еве ги Христовите пророштва, кои се случиле безброј пати на оваа земна планета и кои сега почнуваат да се случуваат во вашиот дом.
„И ќе бидете намразени од сите заради Моето име, но , кој претрпи до крај, ќе биде спасен“ (Мат. 10:22).
„И непријатели на човека ќе му бидат неговите домашни“ (Мат. 10:36).
„Блажени сте вие, кои сега плачете, оти ќе се насмеете! ; Блажени ќе бидете, кога ќе ве намразат луѓето, и ќе ве одделат и похулат, и го исфрлат името ваше како лошо, заради Синот Човечки“ (Лука 6:21-22).
„Вистина, Вистина ви велам дека ви ќе заплачете и ќе заридате, а светот ќе се зарадува; и вие ќе бидете нажалени, но жалоста ваша ќе се претвори во радост“ (Јован 16:20).
Што е појасно од овие пророштва? Ете, тие се исполнуваат и денес, покрај вашето огниште, над вас. Затоа, прифатете ги сите навреди, не како навреди, туку како подароци. Знајте дека вашите гонители ќе се покаат, вашите потсмевачи ќе молчат и вие ќе се радувате. Денес си последен во татковиот дом, но за малку ќе бидеш и прв. Додека тие што те бркаат тие и ќе ти служат. Ова е пророкувано и повторено илјадници пати и на илјадници места.
Мир и благослов од Господа нека е слава засекогаш! Амин.
Свети Николај Велимировиќ
Comments
Post a Comment
Напиши коментар