Душата на секој од нас е како светилка

 Душата на секој од нас е како светилка





Душата на секој од нас е како светилка, која како масло ја има доблеста и наместо фитил има љубов, на која почива наместо светлина благодатта на Духот.

Кога ќе исчезне ова масло, т.е. милосрдието, љубовта, која постои во душата како фитил, се гаси.


Така светлината на Божјото покровителство и благодат е отстранета од луѓето кои ја избегнувале доблеста и избегале од љубовта.


А метежот меѓу нив е предизвикан од тоа што Бог го свртел своето лице од нив, на кого Давид му вели: „го одвратиш ли лицето Свое – се збунуваат“ (Пс. 103, 29).


Така од гревот ни доаѓа граѓански судир и збрка, која носи секакво зло... Затоа вратете се на патот на Христовото евангелие и држете се цврсто за него, за единството меѓу вас да биде вечно и за да се врати кај вас повторно Господ нека почива врз вас, заедно со мирот и благодатта на Светиот Дух.


Помири се со Бога. Препознајте го сродството меѓу вас што постои во вас од предците, не само во душата туку и во телото...


Немој да мислиш зло и не сакај да возвраќаш со зло, туку победувај го злото со добро, прегрнувајќи ја љубовта кон другите, за да ја добиеш љубовта од Бога и да ја покажеш љубовта кон Него.


Свети Григориј Палама

Comments