Ти благодарам, Боже мој, затоа што тоа беше неопходно за моето спасение...


Ти благодарам, Боже мој, затоа што тоа беше неопходно за моето спасение...



Добриот Бог наменува за секој човек Крст сразмерен на неговата издржливост, не за мачење, туку за искачување од Крстот до небото - затоа што во суштина Крстот е скала до Рајот. 

Ако разбереме какво богатство не спасуваме од болката на искушенијата, нема да роптаме, туку ќе го славиме Бога кревајќи го Крстот што ни го подари, па во овој живот ќе се радуваме, а во следниот ќе  добиваме и пензија. Нашиот Бог обезбеди имоти таму горе на Небото. Но, кога бараме од Него да не избави од искушение, Тој им ги дава овие имоти на други и ние ги губиме. Додека, ако бидеме трпеливи, Тој ќе ни даде и со камата.

Блажен е тој што овде е измачуван, бидејќи колку повеќе се казнува во овој живот, толку повеќе му се помага во другиот, затоа што плаќа за гревовите. Крстовите на искушенијата се повисоки од „талентите“, од даровите што ни ги дава Бог. Блажен е оној кој нема еден Крст, туку пет. Страдање или маченичка смрт е исто така чиста плата. Затоа во секоја молитва велиме:

 Ти благодарам, Боже мој, затоа што тоа беше неопходно за моето спасение.


Свети Пајсиј Светогорец 



Comments