Крстот и радоста во животот на монасите...
Крстот и радоста во животот на монасите
Крстот и радоста во животот на монасите.
Отсекогаш сум имал голема почит и љубов кон монасите. Секогаш се чувствувам многу добро кога сум меѓу нив. Всушност, на почетокот на мојот живот ми беше тешко по кој пат да одам.
Завршив и решив да го живеам патот кој е многу блиску до монасите. Можам да кажам дека ја почувствував нивната радост и нивната болка.
Секогаш барав да ги слушнам и почувствувам монасите и се трудев да ги изразам идеалите на монаштвото, кое во исто време е и врв на духовноста.
Еден филозоф од одредена земја му напишал на својот син кој се замонашил: Зошто, чедо, го замрази светот со неговата сладост и избра тажен живот?
Филозофот беше во право, но само на површината. Дозволи да биде измамен од површната и минлива саморадост и сладост што ги нуди светот.
Тој не увидел дека по оваа привидна сладост и радост доаѓа ропството, тагата, празнината и бесмисленоста. Не му беше познато дека мора да ги преминеме овие површни и минливи радости и сладости за да најдеме подлабока радост.
Радоста на средбата и трајниот соживот по Христа, нашиот Бог. Оваа средба на светот му дава подлабока убавина, вистинско чувство, кое на монахот му дава чиста и моќна радост.
…Видете го Крстот и ете ја радоста што доаѓа по него. Подобро, може да се каже дека радоста е скриена во Крстот. На површината е Крст, а во позадина голема радост.
Протоереј Димитриу Станилоае
Comments
Post a Comment
Напиши коментар