Мистеријата на љубовта во бракот

 Мистеријата на љубовта во бракот


Темелот врз кој се гради бракот е љубовта. Поради љубовта, ние го негираме нашето его, кое го вклучува, на некој начин, нашето татковско семејство. Тоа е драг дел од нас, со кој сме тесно врзани со крвни врски и силни чувства. Затоа се исклучуваме од нив, за да успееме да го сакаме сопругот. И тогаш семејството на сопругот го чувствуваме како наше семејство. Тогаш обраќањето „татко“ или „мајка“ до свекорот и свекрвата не е збор на учтивост или фигура на говор, туку родено од нашата љубов кон нашиот сопруг и неговиот народ. До тој степен го сакаме другиот како другиот да сме ние.

Апостол Павле вели : " И така, мажите се должни да ги сакаат жените свои како што ги сакаат своите тела; оти, кој ја сака жената своја, тој се сака и самиот себеси." (Еф. 5:28). Се разбира, истото важи и за жената: Таа што го сака својот маж, се сака и себеси. Ако, значи, секој го сака другиот – кој е тој самиот – со љубовта Христова, тогаш и Христос ќе ги сака и двајцата, а парот ќе живее во заедница на вистинска љубов.

Според Aпостол Павле, Христос е мерката на љубовта која ќе управува со брачната врска: „Но, како што Црквата Му се покорува на Христа, така и жените да им се покоруваат на своите мажи во сè.; Вие, мажите, сакајте ги жените свои, како што и Христос ја засака Црквата и се предаде Себеси за неа.“ (Еф. 5:24-25). Во овие двајца „како“ жената и мажот се обидуваат да ја достигнат својата меѓусебна љубов. Во лицето на мажот жената го гледа Христос, а мажот ја сака жената како што Христос ја сакаше Црквата. Христос е љубовната врска на мажот и жената, а Христовата љубов кон Црквата е мерката на љубовта до која брачниот пар се труди да достигне.

Тајната на љубовта во бракот ја прикажува тајната на Христовата љубов кон Црквата. Затоа оние кои во бракот успеале да ја победат вистинската љубов, самиот Христос го прават нивен.

Кога сопружниците ќе ја достигнат љубовта што Христос ја бара од нив, тогаш сфаќаат дека целото нивно јас му припаѓа на другиот. Како што пишува апостол Павле: „. Жената не е господарка на телото свое, туку мажот; исто така и мажот не е господар на телото свое, туку жената.“ (1. Кор. 7,4). Но, моќта над нас на другиот му ја дава вистинската љубов.

Од книгата: Eромонах Григориj, Тајната на бракот

Comments