Сфатив дека ако Божјата милост не го просветлува секој човек, без разлика колку зборови му зборуваш, тие не носат никаква корист! Еден момент ги слуша, а следниот пак се претвора во заробеништво на истиот. Но, ако Божјата милост дејствува веднаш, заедно со зборот, тогаш се случува промена во тоа време, со добрата намера на човекот! И неговиот живот се менува прекрасно, од тоа време.Тоа се случува, на оние кои не го закоравија слухот и совеста одвнатре.
Но, оние што не се покоруваат и се држат до нивните желби, дење и ноќе да им зборуваш од Мудроста на Отците и да правиш чуда пред нив, тие нема да добијат ниту една кора од корист. Сакаат само да дојдат да разговараат, да си го поминат времето, заради гнасотија.