Кој го сака Господа, секогаш мисли на Него. Сеќавањето на Бога раѓа молитва...


 



 

Кој го сака Господа, секогаш мисли на Него. Сеќавањето на Бога раѓа молитва



Ако не се сеќавате на Господа, тогаш нема да се молите и без молитва, душата нема да остане во љубовта Божја, бидејќи благодатта на Светиот Дух доаѓа со молитвата.

Молитвата го штити човекот од гревот, затоа што умот, кога се молите, е окупиран со Бога и со смирен дух стои пред Господа, Кого го познава душата на оној што се моли.

Но, на почетникот му е потребен духовник  бидејќи душата, пред да дојде благодатта на Светиот Дух, води голема војна против непријателите и не може да се разликува, ако сладоста што ја вкусува доаѓа од непријателот.

Тоа може да го забележи само оној кој самиот го вкусил Светиот Дух. Тој ја препознава благодатта по вкус.

Кој сака да ја практикува молитвата без духовник и во својата гордост, замислува дека може да ја научи од книги, тој веќе е во заблуда.

Но, смирениот е заштитен од Господ, па ако навистина нема искусен водич, тој прибегнува кон постоечкиот духовник и Господ ќе го покрие благодарение на неговото смирение.

Помислете дека Светиот Дух живее во духовникот, и тој ќе ви каже што е корисно. Но, ако мислите дека духовникот живее несовесно и се запрашате: „Како е можно тој да го има Светиот Дух?“, ќе претрпите големо искушение поради оваа мисла, а Господ ќе ве смири и ќе ви дозволи да паднете во некое искушение.

Молитвата му се дава на оној што се моли. Молитвата направена само од навика, без скрушено срце за гревовите, не му е угодна на Бога.

Човеку, научи се на Христолично смирение и Господ ќе ти даде да ја вкусиш сладоста на молитвата. И ако сакате јасно да се молите, бидете понизни, умерени, искрено исповедајте се и молитвата ќе те засака.

Бидете послушни, совесно потчинете се на принципите, бидете задоволни со сè и тогаш вашиот ум ќе биде исчистен од залудни помисли.

Запомни дека Господ те гледа, затоа внимавај да не го растажиш брат ти, не го критикувај и не го вознемирувај ни со поглед, а Светиот Дух ќе те сака и ќе ти помогне во се.

Светиот Дух многу личи на љубовна, вистинска мајка. Мајката го сака своето дете. Така и Светиот Дух има сочувство, простува, лекува, опоменува и се радува. А Светиот Дух се препознава во скромната молитва.

Кој ги сака непријателите, тој брзо ќе Го спознае Господа со Светиот Дух. Но, секој што не ги сака – не сакам ни да пишувам за нив. Но, жал ми е за него, бидејќи тој се мачи себеси и другите и нема да Го познае Господа.

Во Црквите се одржуваат Свети служби и во нив пребива Божјиот Дух. Душата, сепак, е најдобриот Божји храм, и кој се моли внатрешно, за него целиот свет станал Божји храм. Но, ова не е за секого.

Многумина се молат усно или претпочитаат да се молат со книги. И ова е добро и Господ ја прифаќа нивната молитва. Но, ако некој се моли и размислува за други работи, Господ не ја слуша таа молитва.

Непрестајната молитва доаѓа од љубовта и се губи поради критиките, озборувањата и неумереноста. Кој го љуби Бога, тој може да мисли на Него и дење и ноќе, бидејќи сакајќи го Бога ниедна работа не го спречува тоа.


Архимандрит Атанасиј Мисос 





Comments