Христијаните молчат
На светот му недостигаат многу работи: ресурси, пари, трпение... Но, најмногу од сè на светот му недостига верба. Како што вели апостол Павле во своето послание: „И така, верата доаѓа од слушање, а слушањето – од словото Божјо“(Рим. 10,17). Кога одиме во црква, не треба духовно да бидеме како глуви и неми, кои на почетокот не го слушале Божјото Слово, а потоа не можеле да го пренесат на другите. „Зашто, ако проповедам Евангелие, нема за што да се фалам: бидејќи тоа ми е должност, а тешко мене, ако не проповедам!„ (1. Коринтјаните 9:16). Немаме право да молчиме. Сега сите проповедаат - театрите, политичките платформи, рекламите се полни со апели, на луѓето им ги наметнуваат своите идеали, интереси и ставови. Но, христијаните молчат. Тоа не треба да биде! Христијанството е вербална религија, ние мора да станеме оние луѓе кои ќе ја отворат Библијата за некој човек, ќе му го отворат Божјото Слово.
Comments
Post a Comment
Напиши коментар