Нека влезе светлината Христова и на Светите!...


 




Нека влезе светлината Христова и на Светите!



Еден човек поканил старец од Света Гора да изврши Осветување во неговиот дом. Ништо не му одеше како што треба. Секојдневно расправии и тензии со сопругата, децата.

Старецот почнал да прска со Света Вода во сите соби и во секоја соба гледал како водата влегува во ѕидовите, а кога излегол ја спуштил главата разочарано. Штом го завршил Осветувањето, го фатил домаќинот под рака и му рекол:

Дете мое, ѕидовите од куќата немаат прозорци.

Сопственикот не разбрал што сакал да каже старецот и го прашал:

Старче, што сакаш да кажеш дека ѕидовите немаат прозорци?

А Старецот му одговори:

Дете мое, прозорците на ѕидовите се Иконите на Православието, тие се духовни прозорци низ кои светлината влегува, ја загрева и ја капе секоја куќа. Кога ги нема овие прозорци, чедо мое, тогаш има само студ и темнина. Затоа погрижи се да ги наполниш ѕидовите со прозорци за да најдеш мир повторно во твоето семејство на земјата.


Големиот Старечник


Comments