Земната среќа кај многумина ги зема умовите и го стврднува срцето...
Земната среќа кај многумина ги зема умовите и го стврднува срцето
Крајната причина за смртта на верата во нас е среќата. Само големите и силни души стојат во среќа со лица свртени кон Бога...
Земната среќа кај многумина ги зема умовите и го стврднува срцето. Може ли да има поголема беда од оваа „среќа“? Мора да имаме храброст во среќата како и во несреќата. Потребна е храброст да не се предаде ниту на среќата ниту на несреќата. На кого среќата му станува идол, нему Бог престанува да биде Бог... Кој мисли дека на хоризонтот на неговата среќа се краевите на светот, со рацете прегрнува илузија направена од чад. Кој може да ја прослави својата среќа одвоено од Бога и без Бога, тој ја доживува тишината пред уништувањето и се смее со смеа што ќе замрзне. Зашто, додека среќата живее во куќата, несреќата стои пред вратата и го чека својот ред.
Свети Николај Велимировиќ
Comments
Post a Comment
Напиши коментар