Христос рекол: По нивните плодови ќе ги познаете...


 




Христос рекол: По нивните плодови ќе ги познаете



Понекогаш, потеклото на помислата е толку нејасно што не е лесно да се разликува дали оваа работа е добра или лоша.

Христос рекол дека: По нивните плодови ќе ги познаете.

Односно, ако не разбираш од каде е нешто, ќе го разбереш од неговите плодови.

Ако во вас оваа помисла создава немири, ви создава конфузија, ви создава вознемиреност, ве фрла во духовна темнина, ве исклучува од општеството на вашите браќа, на Христос, на Црквата, тогаш не барајте да најдете...

Колку и да изгледа добра помислата, нејзините плодови се отровни.

Гледаш, има луѓе кои водени од ревносна, таканаречена, духовна ревност, сето тоа го прават со стаклени клинци. И почнуваат да ја судат Црквата, Епископите, свештениците, календарот, екуменистите, едниот, другиот, наводно поттикнати од „добрата ревност“.

Почетокот на помислата е добар, но неговиот плод е катастрофален. Затоа што ги фрла во длабочина на критики, падови, тешкотии и каков е резултатот?

Тие самите се отсечени од Црквата и имаат духовна катастрофа!

И така, Христос ни го даде, за овие мрачни помисли, овој збор:

По нивните плодови ќе ги познаете.

Дрвото ќе го познаете по плодот.


Митрополит Атанасиј Лимасолски 



Comments