Интервенција на Свети Порфириј Кавсокаливит во животот на еден млад човек...
Интервенција на Свети Порфириј Кавсокаливит во животот на еден млад човек
Георгиј беше млад човек од многу богато семејство во Атина, кој уште од мали нозе го посетуваше со својата преподобна мајка Свети Порфириј во скитот на Преображението.
Кога пораснал запознал девојка, во која се заљубил.
Тој дури решил да се ожени со неа, нешто за што мајка му имала сериозни резерви, бидејќи со мајчинскиот инстинкт и Божјата милост почувствувала дека оваа девојка не е соодветна за нејзиниот син.
Така решила и отишла кај Свети Порфириј, кому му ја доверила грижата за својот син. Тогаш верниот Старец го покани Георгиј да го посети за да разговараат.
Младиот човек одговорил на повикот на Светителот, но поради невнимание ја одложил посетата. Не поминало долго време и тој заминал на патување со својата девојка во Париз, решил официјално да ја побара за жена.
Но Бог го просветли и тој најпрвин помислил телефонски да стапи во контакт со Свети Порфириј, за да му ја каже својата одлука за бракот и да побара негов благослов.
Така тој се симнал во приемниот дел на ултралуксузниот хотел каде што биле сместени и телефонски стапил во контакт со Светиот Старец.
Старецот се јави на телефон, поздравувајќи го Георгиј, но наеднаш линијата „падна“ пред младиот човек да разговара со Старецот за неговиот случај.
Следеа упорни и повторени обиди за повторно поврзување со Атина, но од другата страна се слушаше само врева.
Одеднаш, на парадоксален и необјаснив начин, преку телефонот се слушна женски глас, многу познат на Георгиј, кој разговара со непознат маж.
Тоа беше гласот на неговата девојка, се слушна како го кажува следново: Се оди одлично! Ова животно не разбрало ништо! Ќе му ги изјадеме сите пари! Не бега...
Зачуден и запрепастен од она што го слушна, Георгиј падна во фотелја.
Малку подоцна откако се опорави од шокот, тој решително се качил во нивната соба и ѝ соопштил на идната сопруга дека веднаш заминуваат за Атина, откривајќи ѝ секако дека дознал сè за заговорот што му го подготвила...
Верниот Старец, со својата голема љубов и на овој натприроден начин, интервенираше да го спаси животот на овој млад човек.
Од книгата „Свети Порфириј Кавсокаливит - Светоста во 21 век
Comments
Post a Comment
Напиши коментар